Европската унија подготвена на сè: Подготвено "хаотичното сценарио" кое стапува на сила ако Британија замине без договор! Еве што значи тоа

Точка

25/03/2019

16:28

3.717

Големина на фонт

а а а

Комисијата вели дека објавила 90 различни извештаи за граѓаните и деловниот свет, како и дека сочинила 19 предлози за новото законодавство.

Европската унија денес соопштила дека ги завршила подготовките и за потенцијалното хаотично сценарио ако Велика Британија ја напушти Унијата без договор, но дека разговорите за идниот статус на ирската граница продолжуваат. 

Во време кога се јавуваат сомнежи дека Лондон до петок би можел да го усвои договорот за напуштање на ЕУ, во Брисел истакнуваат дека постои "се поголема можност" за Брегзит без договор, пренесува "AP".

Од Европската комисија соопштиле дека "тоа очигледно ќе предизвика значајни пореметувања за граѓаните и бизнисот" и укажале дека Британија ќе ја напушти Унијата без никакви преодни договори.

Комисијата вели дека објавила 90 различни извештаи за граѓаните и деловниот свет, како и дека сочинила 19 предлози за новото законодавство.

Преостанатите 27 земји од ЕУ вработуваат стотина работници за спроведување на дополнителни гранични и царински контроли.

Британија според првобитниот план треба да ја напушти Унијата на 28-ти март, а со лидерите на ЕУ бил постигнат договор за одложување на Брегзит до 22-ри мај, доколку британскиот парламент оваа недела го усвои договорот за Брегзит.

Во спротивно, на Британија и се заканува излегување од Унијата без договор веќе на 12-ти април.



Спонзорирани линкови

Маркетинг