Патување од пеколот: Повеќе од 24 часа траеше драмата на морето, по што норвешкиот крузер конечно пристигна во пристаништето

Точка

25/03/2019

16:22

2.095

Големина на фонт

а а а

Норвешкиот крузер “Viking Sky”, околу илјада патници кои што не биле евакуирани, вчера пристигна на пристаништето во Молде, после 24 часа поминати на море за време на голема бура и со дефект на моторите.

Крузерот бил довлечен до пристаништето од три други бродови околу 15:30 часот по локално време, кога конечно се подобриле временските услови на брегот на Норвешка, пренесува новинската агенција „АП“.

Евакуацијата на големиот крузер започнала многу порано, но работата на норвешките спасувачки служби во голема мера беше отежната поради силниот ветер и брановите со висина поголема од осум метри.

Сепак, спасувачките служби успеале да евакуираат 463 патници од околу 1,400, додека останатите на пристаништето пристигнале со крузерот, по што биле сместени во хотел.

Според последните информации, повредени се 17 патници од кои тројца се здобиле со сериозни повреди. Инаку, најголемиот дел од патниците биле државјани на Соединетите Американски Држави и Велика Британија.

Крузерот “Viking Sky” за време на голема бура минатиот викенд останал без сите мотори, по што големиот брод започнал да плови неконтролирано кон брегот. Поради големите бранови и силниот ветер, спасувачите беа оневозможени да ги евакуираат сите патници на време, па многумина стравуваа од евентуално заринкување на бродот и негово превртување, нешто што можеше да резултира со голем број на жртви.

Сепак, како што пренесуваат норвешките медиуми, екипажот на бродот успеал во последен момент да оспособи еден од моторите на крузерот, по што бродот сопрел на околу 2 километри од карпестиот брег на Норвешка.

Евакуацијата траеше непрекинато, но откако бурата се смирила, била донесена одлука останатите патници да бидат пренесени преку крузерот до норвешкото пристаниште.



Спонзорирани линкови

Маркетинг