Подземниот тунел на Илон Маск: Револуција или фијаско?

Точка

25/03/2019

15:45

3.271

Големина на фонт

а а а

Илон Маск упорно пробува да нѝ докаже дека тунелот за брз транспорт на возила е одлична идеја, но сепак има проблем во пренесувањето на тој ентузијазам и на претставниците кои би требало да го одобрат копањето на тунели во своите средини.

Откако сите му се потсмеваа на неговиот тунел од 2,4 километри кој го користеше за демонстрација на проектот, сега на ред дојдоа и претставниците на градовите. Ако може да им се верува на нивните впечатоци, презентацијата не поминала во најдобар ред. 

Претставниците задолжени за транспортот во Вирџинија посветиле внимание на бројните проблеми на проектот. Откако се провозеле низ неверојатно футуристичкиот тунел, тие ги пренеле своите впечатоци.

Подземниот тунел на Маск е клаустрофобичен

Вирџинија планира да изгради подземна железничка мрежа во вредност од 1,3 милијарди долари. Тие сметале дека Илон Маск може да го понуди вистинското решение, но повеќе не се сигурни во тоа. Претставниците изнеле многу критики на сметка на тунелот, а една од нив е – клаустрофобичното искуство при патувањето.

Имено, тунелот е низок и делува минијатурно. Илон пробал да објасни дека тунелот е мал за да ги исполни поставените цели, но во истовреме да биде економичен и практичен. Секако, бидејќи станува збор за тесен тунел, ќе можат да се возат само електрични возила (бидејќи луѓето би се угушиле од издувните гасови).

Колку е проектот реален?

Главната грижа на инвеститорите е дали овој проект е воопшто изводлив? Иако звучи едноставно, постојат многу закони кои треба да се испочитуваат за да дојде до негова реализација.

На сите им е јасно дека компанијата на милијардерот, “The Boring Company”, изгради тунел кој е на ниво на прототип, но од таа причина е невозможно да се добие одговор кога Маск ќе креира тунел кој е функционален и ќе ги исполни неговите ветувања дека низ него ќе се вози со неверојатни брзини.

Постои интерес за тунелот

Покрај претставниците од Вирџинија, проектот прилично ги подели претставниците на Чикаго. Додека градоначалникот на Лос Анџелес е голем вљубеник во ликот и делото на Илон, граѓаните ја тужеле “The Boring Company” поради раскопување. Од друга страна, Лас Вегас одобри креирање на тунел во должина од нешто повеќе од 3 километри.


Проектот на брзите тунели кои ќе го олеснат движењето на автомобилите секако не е мртов, но доколку сака да стане комерцијален производ, наскоро ќе мора да излезе од фазата на прототип. За тоа е свесен и самиот Маск кој истакнал дека моментално работи на унапредување, пред сѐ на брзината на транспортот низ тунелот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг