Синдромот „изгубен пенис“ не е реткост - еве за што станува збор!

Точка

25/03/2019

15:11

5.246

Големина на фонт

а а а

Голем е предизвикот да најдете партнер што ви одговара и кој е способен за врска. Ако сте имале среќа и сте го пронашле, љубовниот живот може да ве изненади со уште некоја катастрофа.

Една од нив е „lost penis-syndrom“ (во слободен превод: синдром на изгубен пенис). Овој синдром е вистински тест за врската и е многу фрустрирачка појава и за жените и за мажите.

Што точно значи „lost penis-syndrom“?

Синдромот ја опишува разликата во големината помеѓу вагината и пенисот. Ако пенисот на мажот е помал, а вагината на жената поширока, таа комбинација може да доведе до проблеми со оргазмот - за време на сексот нема доволно „триење“, односно не се стимулираат доволно нервните завршетоци на половите органи.


Кои се причинители на овој синдром?

Обликот и големината на пенисот се генетски одредени кај мажите. Тука ништо не може да се промени. Меѓутоа, кај жените, освен генетиката, играат улога и други фактори. На пример, раѓањето на дете, дебелото или тенко ткиво, и мускулите, можат да ја прошират вагината. Кај таа анатомска нееднаквост - широка вагина, а мал пенис, ниту мажот не го чувствува својот пенис во вагината на жената, ниту пак жената го чувствува пенисот на мажот. Како пенисот да е загубен во жената.

Што може ТОЈ да направи против lost penis-syndrom?

Најважно правило кај сексот: пенисот мора да биде во полна ерекција пред да влезе во жената. Тоа кај мажите после 40-та година веќе станува критично. Причинителите за тоа можат да бидат најразлични: стрес, алкохол, пушење, дебелината, висок крвен притисок, артериосклероза, дијабетес. Тие фактори водат до тоа ерекцијата да страда. Единствено можат да помогнат опуштањето и напуштањето на нездравиот начин на живот. Да, здравиот начин на живот навистина може да помогне во подобрување на ерекцијата. Исто така, прстен за пенис може да послужи како поддршка.


Што може ТАА да на прави за подобар секс?

И жените можат да направат нешто против овој немил синдром. Магичниот спорт се вика тренинг на карлицата. Зајакнувањето на мускулатурата ќе се погрижи за тоа вагината повторно да стане тесна.

Во кревет може и малку поинаку

Ако никако не е сè е во најдобар ред со пенетрацијата, тогаш доаѓаат предвид сексуалните играчки, валканите разговори и разни други „додатоци“. Понекогаш ќе помогне едноставно исклучувањето на мозокот - тоа може да направи чуда!



Спонзорирани линкови

Маркетинг