Постигнат најлудиот кош на сите времиња во НБА лигата: Ламб преку човек од половина терен донесе победа за Шарлот

Дерби

25/03/2019

12:00

685

Големина на фонт

а а а

Кошаркарот на Шарлот Хорнетс, Џереми Ламб го украде шоуто на синоќешните натпревари во НБА лигата.

Ламб го погоди последниот удар на натпреварот од неверојатна дистанца и со тоа му донесе победа на својот тим против Торонто со 115:114.

При резултат 114:112 за Торонто и на само 3.1 секунда до крајот на натпреварот, Шарлот имаа напад за нерешено или евентуална победа. Уште при изведувањето на аутот кошаркарите ја искомплицираа работата, па топката се истркала до нивниот дел од теренот.

Сепак, тоа не беше проблем Ламб да упати неверојатен удар преку човек од својата половина и со звукот на сирената да донесе голема победа за Шарлот.

Шарлот со победата против Торонто ги задржа шансите за пласман во плеј-офот во НБА лигата оваа сезона.

- Чувството е неверојатно. Се боревме во текот на целиот натпревар, цел тим допринесе и играше добро. Супер е да се победи на ваков начин со таков кош, - коментираше Џереми Ламб по натпреварот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг