Олдриџ ги растури Бостон Селтикс

Макфакс

25/03/2019

11:53

329

Големина на фонт

а а а

Бостон Селтикс никако да влезат во вистинската форма оваа сезона. Изминатата ноќ тие го забележаа четвртиот пораз во низа, откако беа декласирани пред своите навивачи од Сан Антонио Спарс 96:115.

Селтикс се на петтата позиција на Истокот, но со она што го прикажуваат на теренот нема што да бараат во плејофот, иако во сезоната влегоа како едни од фаворитите за пласман во финалето во својата конференција.

Ламаркус Олдриџ ги растури Селтикс со 48 поени, 13 скока и 6 асистенции за 38 минути колку што мина на теренот. Го следеше Демар Дерозан со 16 поени и 11 асистенции.

Најефикасен кај Селтикс беше Маркус Смарт со 14 поени.

Бостон имаат 43 победи и 31 пораз и се петти на Истокот, додека Спарс со идентичен скор заедно со Оклахома и Јута ја делат шестата позиција на Западот.

Резултати:

Милвоки Бакс-Кливленд Кавалирс 127:105

Индијана Пејсерс-Денвер Нагетс 124:88

Торонто Репторс-Шарлот Хорнетс 114:115

Њу Орлеанс Пеликанс-Хјустон Рокетс 90:113

Бостон Селтикс-Сан Антонио Спарс 96:115

Голден стејт Вориорс-Детроит Пистонс 121:114

ЛА Лејкерс-Сакраменто Кингс 111:106



Спонзорирани линкови

Маркетинг