Заслужени признанија за Милосављев: „Единицата“ на Вардар има Топ 5 одбрана и е во дрим тимот во ЛШ

Дерби

25/03/2019

11:03

331

Големина на фонт

а а а

Тимот на Вардар имаше фуриозно издание на гостувањето кај ППД Загреб во првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите и со победата од 27-18 веќе со еден чекор е во следната фаза на ова натпреварување.

Најголема заслуга за тоа има голманот Дејан Милосављев кој блескаше во саботата во Загреб со дури 14 интервенции, односно имаше 45-процентна успешност на одбранети удари.

Ова негово издание сосема очекувано го награди ЕХФ, па така Србинот доби две признанија. Тој се најде во идеалниот тим на првите средби од осминафиналето заедно со уште двајца поранешни вардарци Лука Циндриќ и Алекс Душебајев. (ОВДЕ можете да го погледнете дрим тимот).

Најдобрата седумка во првите мечеви од осминафиналето на ЛШ:

Голман: Дејан Милосављев (Вардар)

Лево крило: Гудјон Валур Сигурдсон (Рајн -Некар Левен)

Лев бек: Расмус Лауге (Флензбург)

Среден бек: Лука Циндриќ (Кјелце)

Десен бек: Алекс Душебаев (Киелце)

Десно крило Арцем Козакевич (Мотор Запорожје)

Кружен напаѓач: Јаник Колбахер (Рајн -Некар Левен)

Воедно првиот голман на „црвено-црните“ се најде на Топ 5 листата на најатрактивните одбрани и тоа на позицијата број 5 со двојната интервенција. ОВДЕ можете да ја погледнете неговата мајсторија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг