Интервенцијата која го одбележа мечот во „Стожице“: Како Бејтулаи јуначки спаси сигурен гол за Словенија

Дерби

25/03/2019

11:00

1.354

Големина на фонт

а а а

Македонската сениорска фудбалска репрезентација остана непоразена на првото гостување во квалификациите за пласман на Европското првенство кое е на програмата наредната година.

Нашите фудбалери одиграа 1-1 против Словенија во меч во кој се прикажавме во одлично светло. Ние имавме свои шанси што не ги искористивме, ама имаа и Словенците кои дефинитивно една нема да ја заборават, а за тоа виновник е Егзон Бејтулаи.

На избраниците на Кек им се отвори контра при резултат 1-1, направија се како што треба, ама Бејтулаи имаше чудесна интервенција и спаси сигурен гол при ударот со глава на Зајц.



Спонзорирани линкови

Маркетинг