Кочов: Го разбивме македонскиот синдром и победивме

Дерби

25/03/2019

10:58

345

Големина на фонт

а а а

Екипата на МЗТ Скопје го победи Спарс Сараево и ќе има две шанси да се врати во АБА лигата во наредната сезона.

Македонскиот вицешампион во втората пресметка против Спарс славеше со 84-70 со што ја затвори оваа полуфинална плејоф серија со 2-0, односно обезбеди финале со Сикст Приморска. Овој резултат донесе среќа, задоволство кај „металците“ кои веруваат дека можат да го направат тој завршен чекор дали против Приморска или пак во евентуалниот бараж-дуел со хрватски Задар.

- Тоа што го очекував се случи. Ние бевме организирани, бевме трпеливи. Игравме брзо кога требаше, игравме долги напади кога требаше. Спарс игра модерна кошарка и воопшто не беше лесно да се совладаат. Јас сум горд на овие играчи, од самиот старт верував во нив, по почетните кола се виде дека можеме да дојдеме до елитната конкуренција во АБА. Беше потребно време за да сфатат, ама го разбивме македонскиот синдром и победивме. Ова не е успех само на играчите и стручниот штаб, туку на целиот клуб, - истакна тренерот Ѓорѓи Кочов.

Финалната серија се игра до три победи, првите две средби се играат во Словенија на 1 и 2 април.



Спонзорирани линкови

Маркетинг