Мел Би ја шокираше јавноста: “Спиев со Гери, има одлични гради”

Точка

25/03/2019

11:12

4.235

Големина на фонт

а а а

43-годишната Мел Би ја шокирала јавноста кога открила дека спиела со 46-годишната пејачка Гери Хорнер во текот на нивната најголема слава во деведесеттите, па поради тоа нема сомнеж дека турнејата по повод враќањето на “Spice Girls” ќе биде загрозена.

Во шоуто “Piers Morgan's Life Stories”, Мелани ги коментирала градите на колешката од групата, нарекувајќи ги одлични и опишала како дошло до таквиот однос, пренесува “Daily Mail”. 

“Бевме најдобри пријатели и едноставно се случи. Се насмевнавме и тоа беше тоа”, изјавила Мел Би.

Сомнителните детали од нивната страст веќе привлекоа големо внимание и наводно го разлутиле сопругот на Гери, Кристијан Хорнер.

“Гери ќе ме мрази поради тоа бидејќи таа е во својата отмена селска куќа со сопругот, но тоа е факт”, додала Мел. Потоа, водителот Пирс Морган ја прашал поранешната спајсица колку често имале секс, а таа на шега го нарекла “перверзник”.


“Ова е изненадување. Никогаш не си го признала ова, зарем не? Луѓето ќе бидат фасцинирани”, ѝ рекол Пирс.

“Ќе ме убие и таа и нејзиниот сопруг. Се надевам дека кога некој ќе ја праша Гери за тоа, нема да се лути и демантира туку ќе признае бидејќи тоа е смешна работа”, додала пејачката.


Гери односно Џинџер Спајс беше дел од групата од 1994 до 1998 година, а сѐ уште не се огласила по повод ваквиот скандал.




Спонзорирани линкови

Маркетинг