Бруталноста на полицајците ја шокираше Франција: Започнаа да ги тепаат демонстрантите, па настрада и 73-годишна жена

Точка

25/03/2019

17:21

3.106

Големина на фонт

а а а

Француските власти го истражуваат случајот околу постарата жена, учесник на протестот на „Жолтите елеци“ која заработи повреди во налетот на полициските сили во Ница.

73-годишната жена носела знаме во боите на виножитото на кое што пишувало „Мир“ и на себе носела жолт елек. Додека таа протестирала, полицајците тргнале да се пресметаат со останатите демонстранти, а во нивниот налет настрадала и постарата жена.

Новинар на новинската агенција „АП“ забележал како оваа жена паѓа на асфалтот, а од главата започнало да ѝ тече крв. Локалните медиуми подоцна откриле дека станува збор за Женевиев Легај, локална активистка против глобализацијата.


Регионалната радио станица „Франс Блу Азур“ пренесува дека жената сега се наоѓа во болница на одделението за интензивна нега, како и тоа дека државниот обвинител во Ница отворил истрага во врска со овој инцидент.


„АП“ пренесува дека француските власти во текот на минатиот викенд ги забраниле протестите на „Жолтите елеци“ на повеќе подрачја за да го спречат евентуалното насилство какво што можеше да се види на улиците на Париз во изминатитот период.




Спонзорирани линкови

Маркетинг