Американски магазин со пофални зборови: Рускиот борбен авион „Су-35С“ е премногу добар

Точка

25/03/2019

11:50

3.380

Големина на фонт

а а а

Повеќенаменскиот ловец од 4++ генерација и неговите маневарски способности го привлекоа вниманието на американските воени експерти кои ја анализираа неговата успешност во борбените дејствија пред се во Сирија.

Американскиот магазин “National Interest” ја оцени ефикасноста на рускиот борбен авион „Су-35С“ после објавувањето на снимките од воените вежби во Сирија. Според споменатиот медиум, овие авиони биле префрлени во воената база Хмејмим доцна, но тие добро се покажале за време на бомбардирањето на позициите на милитантите.

Според авторите, борбениот авион „Су-35С“ одиграл важна улога за време на заострувањето на руско-турските односи. Притоа, сирискиот конфликт стана важен за руските воздушно-вселенски сили и од гледна точка на обука на пилотите и механичарите, каде што тие можеле да го добијат потребното борбено искуство.

“National Interest” го нарекува овој авион како еден од најмодерните руски авиони кои се користат во Сирија. Иако „Су-35С“ бил привремена одлука и нешто како „мост“ помеѓу „Су-27“ и „Су-35“, сепак покажал дека може да се смета за алтернатива на својот скап наследник.

Како и да е, американскиот магазин оценува дека најновиот „Су-57“ ќе биде далеку подобра верзија од овој авион и ќе биде првиот авион на руската воена авијација во следните децении.

„Су-35С“ е повеќенаменски ловец со големи маневарски способности од 4++ генерација. За прв пат полета во 2008-ма година, а руската армија започна да го користи во февруари 2014-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг