Касемиро: Роналдо ни недостасува, ама…

Дерби

24/03/2019

15:19

2.370

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид не се снајде како што посакуваше во првата сезона без Кристијано Роналдо кој да потсетиме заврши во италијанскиот гигант Јувентус.

Клубот од шпанската престолнина доживеа неуспеси во Лигата на шампионите и Купот на Шпанија, а е многу далеку од врвот во Примера или поточно на 10 кола до крајот има минус 12 бодови во однос на лидерот Барселона. Многумина сметаат дека ова се должи на фактот што Роналдо повеќе не е меѓу „кралевите“, став со кој делумно се согласува и Касемиро, меѓутоа во исто време потенцира дека клубот мора да продолжи да игра и напредува без него.


-Роналдо? Секако дека ни недостасува-како и на секој тим во светот, тој е најдобриот играч на светот. Вистинско задоволство е да се игра покрај него, ама сега тој не е играч на Реал, -истакна Касемиро кој проговори и за кам-бекот на Зинендин Зидан на клупата на Реал. 

-Веќе ја знаеме некога филозофија и работните методи. Тој е клупска икона-како играч и како тренер. Сите го почитуваат и се врати за да најдобар можен начин си ја заврши работа, -рече Бразиелцот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг