Ја нарекувале „Ѕвер“: Девојка земала дрога за да издржи маратонски секс од пет часа, па починала...

Точка

24/03/2019

12:37

11.849

Големина на фонт

а а а

Дека консумирањето на дрога е многу опасно и кога се користи во сексуални цели, најдобар пример е девојката од Колумбија која после земањето на опојни средства и маратонскиот секс, починала од срцев удар.

32-годишна жена од колумбиски Кали, позната по прекарот „Ла Фиера“ (Ѕвер), починала после сексуален однос кој траел дури пет часа. Како што пренесуваат локалните медиуми, таа прекарот „Ѕвер“ го добила поради бурниот и темпераментен карактер.

Таа после консумирањето дрога за што е можно подолг сексуален однос, се пожалила од болки во градите, по што загубила свест. Нејзиниот партнер повикал итна помош, но затоа што на екипите на итната помош им требало премногу време за да пристигнат и интервенираат, тој одлучил со такси да ја однесе во болница.

Меѓутоа, докторите не можеле да ѝ го спасат животот, а таа починала набрзо откако била примена во болница.


Откако дознал дека неговата љубовница починала, нејзиниот партнер им признал на детективите дека имале сексуален однос цели пет часа, а консумирале дрога за што е можно повеќе да ја продолжат сесијата.

Според извори блиски до истрагата, наскоро и дефинитивно ќе биде познато која била причината за смртта на девојката, иако докторите биле прилично сигурни за што станува збор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг