Ван Дајк за незаборавната епизода во животот: И погледнав на смртта во очи, фудбалот не ми значеше ништо!

Дерби

24/03/2019

12:59

3.339

Големина на фонт

а а а

Холандија оваа вечер ќе ја пречека Германија во големото дерби од квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2020 година, пресметка пред која една навистина искрена исповед имаше најдобриот стопер на домашната селекција, Вирџил Ван Дајк.

Дефанзивецот игра неверојатна сезона во Премиер лигата како член на Ливерпул и според многумина во овој момент важи за најдобар централен стопер во светот, но дефинитивно малкумина се оние кои знааат дека на 10-годишна возраст актуелниот лидер во одбраната на Ливерпул и Холандија се соочил со огромен проблем.

Ван Дајк имал компликација со слепо црево и во даден момент не се знаело дали ќе преживее, поради што морал да потпишува документи според кои неговата мајка ќе добиела финансиска отштета доколку тој починел за време на тешката операција.

– Искрено кажано, и погледнав на смртта во очи, тоа беше ужасно искуство. За првпат во мојот живот, фудбалот не ми значеше ништо, фудбалот не ми беше воопшто важен. Се обидував само да останам жив. Јас и мојата мајка се молевме на Бога и да бидам искрен, разгледувавме повеќе сценарија. Во еден момент, морав да потпишам документи според кои ако починам во болница, дел од парите ќе заминат кај мојата мајка, – открива Ван Дајк за својот хорор на 10-годишна возраст во интервјуто за „Мирор“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг