Италијанската фудбалска репрезентација ја совлада Финска со 2:0 на својата премиера во квалификациите за ЕП 2020, а Моизе Кен влезе во историјата на „азурите“.
Барела го отвори резултатот во првиот дел, а точка на победата стави Кен, напаѓачот на Јувентус кој стана првиот фудбалер роден во новиот милениум кој постигнал гол за италијанската репрезентација.
Истовремено, Кен е и вториот најмлад стрелец во историјата на националниот тим (19 години и 23 дена), а пред него е само Бруно Николе со 18 години и 258 денови.