Трамп со победничка порака: Џихадистите секогаш ќе бидат губитници, а тие што ќе сакаат да им се приклучат - ќе бидат мртви!

Точка

24/03/2019

11:15

2.128

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп се обрати после веста од Сирија дека и последното упориште на Исламската држава е уништено, а џихадистите конечно, тотално поразени.

Трамп порача дека Соединетите Американски Држави и натаму ќе бидат будни кога станува збор за мрежата на екстеемистичката Исламска држава и ги предупреди сите потенцијални регрути на џихадистите, дека ќе бидат мртви доколку одлучат да се приклучат на ИСИС.

„Можам со задоволство да соопштам дека, заедно со нашите партнери од глобалната коалиција, вклучувајќи ги ирачките сили и Сириските демократски сили, САД ја ослободија целата територија која што беше под контрола на ИСИС во Сирија и Ирак – 100% од Калифатот“, порача Трамп.

„Иако можеби повремено овие кукавици ќе се појават на површината, тие го загубија престижот и целата моќ. Тие се губитници и секогаш ќе бидат губитници“, порача американскиот претседател.


Трамп меѓу другото, ги обвини џихадистите на Исламската држава за брутални егзекуции, убивање на жени и деца, експлоатација на деца-војници, сексуална злоупотреба и слично. Тој исто такка упати и закана до сите оние кои што се симпатизери на радикалниот Ислам и планираат да се приклучат на Исламската држава.

„До сите млади луѓе кои на интернет веруваат во пропагандата на Исламската држава – ќе умрете ако им се приклучите. Подобро ви е да мислите да имате добар живот“, порача американскиот претседател Доналд Трамп.

Сириските демократски сили кои што се поддржани од САД, во текот на вчерашниот ден објавија дека е ослободено и последното упориште на џихадистите на Исламската држава во Сирија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг