Масакр во Африка: Уништено е цело село, убиени се жени и деца

Точка

24/03/2019

10:37

7.819

Големина на фонт

а а а

Најмалку 115 лица го загубија животот во еден од најсмртоносните напади во историјата на оваа африканска држава кој го извршија напаѓачи облечени во облеката на таканаречените Догон ловци.

Абдул Азиз Диало, претставник на групата која го претставува малцинството Фулани во централен Мали, соопшти дека најмалку 115 биле убиени во страшниот терористички напад. Тој потврди дека меѓу загинатите имало бремени жени, мали деца и стари лица.

Нападот на селото Огосагу се случи откако мисија на Советот за безбедност при Обединетите нации, ја посети земјата во обидот да пронајде решение за насилствата во кои животот го загубија стотици лица во текот на минатата година и се шири преку западноафриканскиот регион Сахел.

Молаје Гуиндо, локален градоначалник изјави дека очигледно е дека станува збор за етнички мотивиран напад: „Станува збор за огромен број на загинати. Слото Огосагу е целосно уништено“.

Инаку, веќе подолго време владее голем хаос во оваа африканска земја, посебно откако голем замав во Мали зедоа радикалните исламисти кои го регрутираат населението и вршат терористички напади.

Џихадистичките групи поврзани со Ал Каида и Исламската држава ги користат етничките пресметки во Мали, но и во Буркина Фасо и Нигер не само за да регрутираат што е можно поголем број на борци, туку и да заземат територии.



Спонзорирани линкови

Маркетинг