Оби Микел обелодени колку морал да им плати на киднаперите за да го ослободат неговиот татко

Дерби

23/03/2019

19:47

2.327

Големина на фонт

а а а

Џон Оби Микел ја шокираше светската спортска јавност откако откри дека неговиот татко се борел за живот со киднапери додека тој играл на мундијалот против Аргентина, вест која морал да ја крие поради заканата која ја добил од киднаперите.

Нигерискиот капитен успеа да се избори со оваа непријатна епизода и го спаси својот татко од насилниците, а сега говорејќи за „Би-Би-Си“ посочи дека имал навистина црни мисли додека го играл натпреварот против аргентинската фудбалска репрезентација на Светското првенство.

– Мислев дека ќе го загубам мојот татко, мислев дека ќе биде убиен поради барањата кои ги имаа. За време на натпреварот, мислев дека по завршниот судиски свиреж ќе дознаам дека мојот татко е мртов. Срцето ми беше скршено, знаев низ каква траума ќе мине мојот татко. Не кажав ништо на никого бидејќи сум капитен, морав да го водам тимот и во таква ситуација, – открива Оби Микел кој во интервјуто потврди дека морал да плати 25 илјади евра за ослободување на својот татко.

– Таков е животот, сега сум многу посилна личност, можам да гледам напред и некои мали нешта не допираат до мене, јас го минав најлошото. Се надевам дека тоа нема да се повтори и дека мојот татко ќе ужива во остатокот од животот, – завршува аткуелниот играч за врска на Мидлзброу.



Спонзорирани линкови

Маркетинг