"Пилотирањето е семеен бизнис": Мајка и ќерка станаа интернет сензација

Точка

23/03/2019

19:02

3.942

Големина на фонт

а а а

Д-р Ветрет вели дека оваа приказна е воодушевувачка и инспиративна за сите млади жени, пренесува Дејли Меил.

Д-р Џон Ветрет, деканот на еден приватен американски аеронаутички универзитет, за време на својот лет кон Атланта бил толку инспириран од тоа што една мајка заедно со својата ќерка се пилотскиот тим кој управува со авионот па изразил желба да ги фотографира и воедно да ја сподели нивната фотографија на Твитер.

##https://twitter.com/ERAUWatret/status/1107085406640709632##

Твитер заедницата буквално "полуде" по оваа фотографија, па многу набрзо собра 42.000 лајкови и 16.000 ретвитови. 

Станува збор за капетанката Венди Рексон и нејзината ќерка Кели Рексон. Работата како пилот очигледно е семеен бизнис за семејството Рексон, бидејќи сопругот на Венди, Мајкл Рексон е исто така пилот во авио-компанијата American Airlines, а нивната ќерка очигледно ги следела нивните чекори.




Спонзорирани линкови

Маркетинг