Џеј Ло и контроверзната раперка се подготвуваат за улогите во новиот филм за стриптизерки

Точка

23/03/2019

18:01

4.473

Големина на фонт

а а а

Карди Би полека се подготвува да се појави на филмското платно. Имено, според најновите информации кои ги пренесуваат странските медиуми, раперката се подготвува за улогата во филмот "Hustlers" во кој ќе глуми заедно со Џенифер Лопез и Констанс Ву.

Во новиот филм заедно со популарните пејачки ќе се најдат и глумиците од ТВ серијата Riverdale, Лили Рајнхарт, Кики Палмер, Џулија Стајлс и Мерседес Руел. 

Приказната за филмот ќе биде заснована на еден текст од магазинот New York Times во кој детално се опишува животот на стриптизерките од локалните барови и начинот на кој ги заведуваат успешните мажи од Волстрит.


Главните улоги им припаднаа на дамите, кои се воедно и мозокот на тајниот план, Џенифер Лопез и Карди Би која е една од девојките од стриптиз клубовите.

Новата приказна за многубројните девојки кои меѓусебно се поддржуваат и охрабруваат една со друга доби големо внимание кај јавноста, а покрај возбудените фанови, глумицата Лорен Скфариа и режисерката Џулија Стајлс подеднакво се воодушевени.


"Не постои ниту една друга жена која би можела оваа улога да ја изнесе на толку фантастичен начин. Таа е вистинската. Тоа е Џеј Ло", напиша Лорен.

Снимањето на филмот е предвидено за 23 март, а ниту една од ѕвездите досега не се огласи во јавноста со коментар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг