Пилотот одвај се изборил со ветерот од 120 километри на час: Погледнете го драматичното слетување на "цесна"

Точка

23/03/2019

14:52

5.007

Големина на фонт

а а а

Еден помал авион имал потешкотии да слета на аеродромот во Дизелдорф поради силните ветрови кои дувале со 120 километри на час.

"Цесна” се лулала еднаш на една, еднаш на друга страна. 

Пилотот одвај се изборил со ветерот, така што леталото при слетувањето на пистата малку потскокнало и за малку ќе удрело со носот во земјата.

Ветерот го кренал едното крило, а другото го спуштил на земја.

Олујата Еберхарт нанела многу проблеми во воздушниот сообраќај во Германија, така што речиси секој авион имал потешкотии при слетувањето и полетувањето.

Пред неколку дена, во Дизелдорф за само три часа 30 авиони се откажале од слетување, по што се упатиле кон аеродромите во помалку ветровите краишта.




Спонзорирани линкови

Маркетинг