Спасовски и Османи: Полицијата успешно се справува со илегалните миграции и криумчарењето мигранти

Макфакс

23/03/2019

14:21

1.592

Големина на фонт

а а а

Успешната борба против криминалот, а особено успешноста на полицијата во борбата против илегалната миграција и криумчарењето мигранти е најдобро рефлектирана во заедништвото и партнерството кое на дневна основа го применуваат полициските службеници на Република Северна Македонија и полициските службеници припадници на полициите од земјите од регионот и од земјите членки на ЕУ, рече денеска на прес конференцијата на граничниот премин „Богородица“ министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Нашите полициски служби се подготвени за справување со сите предизвици и оттаму особено сум горд на нивната заедничка заложба да бидат ефикасна брана за илегални мигранти. Во 2018 година има тренд на зголемување на откриените случаи на криумчарење мигранти во споредба со 2017 година, а пред само неколку недели, успеавме да сузбиеме 20-члена организирана криминална група“, порача Спасовски кој беше во посета на јуѓната граница заедно со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Османи потенцира дека партнерството со Европската Унија и земјите – членки, најјасно е изразено токму преку соработката во справувањето со мигрантската и бегалската криза и имплементацијата на реформите во областа на миграциите,како и финансиска помош на ЕУ преку ИПА средствата, во висина од неколку десетици милиони евра.

„Целта на оваа посета е на лице место да направиме увид во реализацијата на реформите како основа за успешно создавање на т.н. ‘трак- рекорд’, односно позитивни примери од кои се гледа зрелоста на нашите институции во работењето согласно европските правила и стандарди“, истакна Османи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг