Има тело од четврт милион долари и важи за една од најпосакуваните жени: Следува шок кога ќе видите како изгледала некогаш

Точка

23/03/2019

12:37

16.806

Големина на фонт

а а а

Денес е бурлеска дама и сон на многу мажи, но никој досега не го знаел овој важен детаљ од нејзиниот живот.

Касандра Кас има 35 години и завидна репутација на изведувач на бурлеска на која работела со години. Делува дека е полна со самодоверба и нема никакви грижи на светот, но неодамна Кас решила да открие и дека нејзиниот живот воопшто не бил гламурозен – сѐ додека не ги зела работите во свои раце. 


Вака Касандра изгледала во детството – момче од село кое секојдневно трпело изживување од својот насилен и конзервативен татко.


На оваа фотографија е со своите браќа. Тие прилично добро се сложувале и биле слични, но Касандра сепак сакала нешто друго – да биде жена. Нејзината желба растела со текот на годините, за на крајот тоа отворено да му го соопшти на нејзиниот татко кој ја исфрлил од домот.

Кас се спакувала, седнала во автомобил и на 18 години си заминала од Ајова во Флорида. Таму талкала сѐ додека не наишла на изведувачи на бурлеска и сфатила дека сака да им се придружи. Работела напорно и штедела, а потоа започнала со операции кои ја чинеле вкупно 250 илјади долари, а помеѓу останатото направила операција на задникот, градите, усните, јаболчниците и уште низа други работи.

Денес, таа не само што е успешен изведувач на бурлеска туку и е актерка во Холивуд и за сите има само една порака – секогаш да се борат против дискриминацијата на било кој основ и да ги следат своите соништа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг