Кој ѝ го украл носот на сфингата?: Решена најголемата загатка која со векови ги мачеше научниците

Точка

23/03/2019

11:56

7.688

Големина на фонт

а а а

Уметноста на древниот Египет со својата убавина привлекува генерации од научници и посетители, но речиси секој од артефактите крие мистерија која дополнително ја зголемува неговата атрактивност.

Сепак, една од најголемите мистерии е поврзана и за најголемата скулптура од својот вид – Големата сфинга. 

Како оваа грандиозна статуа од митско суштество со човечка глава и тело на лав останала без нос е прашање кое ја мачеше науката од моментот кога е откриена, а е инспирација за писателите на романи, сценарија, стрипови па дури и цртани филмови.

Една од најраспространетите легенди вели дека носот го отстрелале војниците на Наполеон во текот на походот на Египет, но постојат фотографии кои докажуваат дека Големата сфинга останала без нос и пред Наполеон.


Меѓутоа, Едвард Блајберг, кустос на музеј во Бруклин, дошол до откритие кое ја решава оваа позната египетска загатка. Како и многу негови колеги и претходници, и Блајберг верувал дека носот на сфингата исчезнал со текот на времето, песочните бури или некои слични појави во текот на долгите 4000 години колку што ја краси Гиза.

Но, по истрагата, тој дошол до уште една причина зошто многу од скулптурите се оштетени така што им недостасува толку овој дел.

Древните Египќани им припишувале голема и важна моќ на претставите со човечки лик. Тие верувале дека суштината на еден бог или божица може да се вметне во слика, а кај смртникот, дел од покојната душа би можел да ја насели скулптурата на таа личност. Токму затоа вандализирањето на ваквите статуи, смета тој, имало за цел да ја деактивира силата на сликата, односно да се ослабне или поремети таквата моќ со конкретно иконоборство.


“Оштетениот дел од телото повеќе не е во состојба да ја извршува својата функција. Без носот, статуата повеќе не може да дише, односно со уништување на носот, вандалот всушност ја убива нејзе и нејзината моќ”, објаснил тој.

Така на пример, ако на статуата ѝ се уништени ушите, тоа значи дека таа не може да слуша молитви. По истиот принцип може да се претпостави и дека ограбувачите на гробниците се плашеле дека покојникот би можел да се освети доколку статуата не е осакатена. Праксата на нанесување на штета на претставите со човечки лик датира уште од почетокот на египетската историја, истакнал Блајберг.

“Тука не станува збор за вандали кои безобѕирно ги напаѓале и уништувале уметничките дела. Нивната прецизност сугерира дека овие оштетувања се дело на добро обучени мајстори”, истакнал кустосот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг