Тргнувањето на заедничката руско-американска меѓупланетарна мисија на Венера е можна најрано во 2027-ма година, дури и ако проектот наскоро почне да се финансира, изјавила за "Sputnik" главната научна соработничка на Институтот за вселенски истражувања и кодиректорка на билатералните научни работни групи за проектот "Венера Д", од руската страна, Људмила Засова.
Лансирањето на вселенската мисија "Венера Д", која предвидува праќање на руски орбитален објект и уреди за слетување, како и американски мали научни станици, планирано е на тешката ракета-носач "Angara A5" од космодромот Востични.
"За патот до Венера би требало да се изнесат 6,5-7 тони товар во зависност од интервалот на лансирање", додала таа.
Засова навела дека Русија и САД завршиле со формирање на научните задачи од заедничката мисија на Венера, ги утврдиле одредените приоритети, предложиле концепција за решавање на тие сложени задачи, како и дека се подготвени да минат на изработка на научна апаратура.
Не е исклучено дека во слојот од облаци на Венера постојат примитивни бактерии. Засова објаснила дека температурата и притисокот во долниот слој на облаците на Венера малку се разликуваат од условите на површината на Земјата. Облачниот слој на планетата се наоѓа на висина меѓу 50 и 70 километри и се состои од капки од сулфурна киселина и вода меѓу 15 и 25 проценти.
Претходно научниците откриле дека во таа област постои таканаречен "непознат апсорбер на ултравиолетово зрачење", кој е одговорен за впивањето на половина од соларната енергија која доаѓа на Венера.
"За прием ќе се користат руските станици кои работат во областа на радио опсег со икс-зраци. Се разгледува и можноста за користење на американска станица со Ка-опсег, која ќе овозможи повеќекратно да се зголеми обемот на пренесените информации. Ние во Русија засега немаме такви станици", рекла таа.
Радио станиците на Земјата и станиците за слетување на Венера ќе бидат поврзани со орбитално летало кое ќе биде лансирано на планетата во рамките на истата мисија "Venera D". Податоците од сите уреди ќе се предаваат на орбитално летало, а од него на Земјата, додала Засова.
Планирано е мисијата "Venera D" да биде лансирана во 2026-та со помош на ракетата "Ангара". Проектот е вброен во рускиот федерален вселенски програм до 2025-та година, но подоцна бил исклучен.