Mazda MX-5 добива опасна конкуренција: Hyundai i30 N Roadster ќе биде вистински ѕвер

Точка

22/03/2019

17:26

3.255

Големина на фонт

а а а

Корејците не се шегуваат – новиот кабриолет со моќен мотор ќе биде најголем конкурент на популарниот MX-5 на Mazda, но и на останатите европски и американски модели.

Според гласините, Hyundai i30 N Roadster најверојатно ќе го добие дволитарскиот турбобензински мотор со моќ од 275 коњски сили, а овој автомобил би можел да биде претставен веќе во текот на ова лето.

Деновиве се појавија првите рендери направени врз основа на веќе откриените скици и разните гласини и можеме да кажеме дека Hyundai i30 N Roadster изгледа прилично атрактивно.

Додека не пристигнат повеќе информации за двоседот на Hyundai, погледнете ги фотографиите и уживајте.




Спонзорирани линкови

Маркетинг