„Кога Пеп ќе посака играч од 100 милиони евра, шеикот само ја зголемува цената на нафтата“

Точка

22/03/2019

16:31

2.549

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес даде прилично интересен коментар околу засилувањата на Манчестер Сити.

Хенес тврди дека Гвардиола му кажал што прави кога ќе биде заинтересиран за некој играч, а зборовите на претседателот на Баерн звучат неверојатно.

„Мојот пријател Пеп Гвардиола ми кажа што се случува кога ќе посака фудбалер кој чини 100 милиони долари. Ќе ги собере снимките од тој фудбалер и оди на состанок со шеикот. На заедничката вечера, тој му ги покажува снимките, а шеикот само ги префрла парите. Следниот ден шеикот само ја зголемува цената на нафтата и ги враќа вложените пари“, изјави Хенес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг