35-годишниот пејач се убил на снимање на спот: Случајно си пукал во себе со пиштол

Точка

22/03/2019

17:11

4.694

Големина на фонт

а а а

Кантри пејачот Џастин Картер погинал на снимање на спот во Тексас, така што случајно испукал куршум додека држел пиштол во рака.

Пејачот трагично настрадал во 35-тата година, а пиштолот кој на крајот случајно го усмртил бил набавен исклучиво за потребите за снимањето на спотот. 

Починал вчера на 21-ви март, а неговиот тим ја потврдил тажната вест на социјалните мрежи.

“Ве молиме да се молите за семејството на Џастин и да имате разбирање за нивната приватност. Џастин повеќе не е со нас, ќе нѝ недостига на сите. Секогаш беше позитивен, насмеан, сакаше многу луѓе во својот живот. Ги ценеше своите фанови и поддршката. Наскоро ќе ве известиме за деталите околу донирањето и помошта кон неговото семејство околу погребот и сѐ останато. Почивај во мир”.

Картер, својот последен спот го објавил пред две недели, а во него има и сцени со пиштол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг