Започнува „чистката“ на Зидан: Познат првиот фудбалер кој ќе си замине од „Бернабеу“

Дерби

22/03/2019

16:26

2.404

Големина на фонт

а а а

Откако во претходниот период можевме да читаме само за доаѓања на нови фудбалери во Реал Мадрид, сега медиумите во Шпанија пренесуваат за тоа кои фудбалери први ќе си заминат од „кралскиот клуб“.

Францускиот стратег, Зинедин Зидан јасно му дал до знаење на стоперот на тимот, Начо Фернандез дека не е во неговите планови и му посочил да си бара нова средина.

За шпанскиот фудбалер постои интерес од таборот на Рома од каде го гледаат како идеална замена за Костас Манолас кој со сигурност ќе си замине од главниот град од Италија.

Начо има договор со Реал Мадрид до 2020 година и во истиот има откупна клаузула од 35 милиони евра, сума која не би требало да претставува никаков проблем за Рома.



Спонзорирани линкови

Маркетинг