Пукано кон автомобил во движење во Батинци

Макфакс

22/03/2019

16:20

1.692

Големина на фонт

а а а

27-годишник од село Батинци во полиција пријавил дека во раните утрински часови на 22 март било пукано кон неговиот автомобил, на излезот од ова село.

Сопред пријавата, тој се движел со својот „голф“, а во еден момент кон автомобилот со оружје почнале да пукаат двајца негови соселани, но не го повредиле.

По преземени мерки од полицијата, еден од злосторниците бил пронајден и приведен во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг