“Ќе завршам во инвалидска количка до 30-тата година”: Познатата гимнастичарка проговорила за сексуалното злоставување, повредите и болките со кои живее

Точка

22/03/2019

16:28

4.099

Големина на фонт

а а а

Сексуално ја злоставувал Лари Насар, лекар на американската гимнастичарска репрезентација. Кога имала шест години, ја посвоиле и одгледувале нејзините баба и дедо бидејќи нејзината мајка била зависник од алкохол и дрога и не можела да се грижи ни за себе.

Симон Бајлс проживеала хорор од детството и наспроти сѐ, таа според многумина е најдобрата гимнастичарка на сите времиња. Оваа 22-годишна Американка е всушност спортско чудо. 


Со четири олимписки и 14 светски злата, Симон е во ранг на најголемите спортисти на 21-виот век на ниво на Меси, Федерер, Фелпс...

“Со години слушам дека сум поим за грациозност, а од моментот кога ги отворам очите па сѐ додека не заспијам, јас живеам со болки. Не можам да лежам и да не чувствувам болки. Имам 22 години, но моето тело е помеѓу 30 и 40 години. Со пријателите се шегувам дека до 30-тата година веројатно ќе бидам во инвалидска количка. Чудно? Не. Едноставно сум навикната да живеам со тоа”, вели Бајлс.

Кога се во прашање повредите, Симон често го повредувала скочниот зглоб, а палецот ѝ бил здробен на пет дела.

“Повреди? Зглобот два-три пати, скршени ребра, ножниот палец здробен на пет дела на последната Олимпијада, а не бев свесна за тоа. За повредите на рамената не сакам ни да зборувам. Ако цел живот скокате највисоко што можете, гравитацијата во еден момент ќе се насмевне и ви ќе каже: “Не, ова нема да пројде”. Тогаш почнуваат да пукаат коските, зглобовите и мускулите”.


“Најтешки болки? Минатата година ме мачеше камен во бубрег во Доха. Буквално ползев по подот бидејќи не можев да одам од болка. Следниот ден освоив злато, а имав бесен израз на лицето кој сите го забележаа бидејќи не ја изведов вежбата како што сакав. Лекови против болки? Нема шанси. Ќе паднам на допинг контрола”, додала гимнастичарката.

Симон проговорила и за сексуалното злоставување:

“Пиев анксиолитици кога ја споделив приказната за сексуалното злоставување со јавноста, па повторно го преживував истото пред сите и се трудев тоа да не влијае врз моите резултати”.


Симон Бајлс е висока 142 центиметри, а без проблем може да скокне до кошаркарскиот обрач. Таа ги пребродила траумите од сексуалното злоставување и траумите од зависностите од дрогата и алкохолот на нејзината мајка, но и физичката болка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг