Откако Зидан седна на клупата на Реал Мадрид, Челси сега има друга примарна мета за наследник на Сари

Дерби

22/03/2019

15:47

1.282

Големина на фонт

а а а

Откако останаа со празни раце во намерата да го договорат Зинедин Зидан за следната сезона, од раководството на Челси продолжија со потрагата по евентуален наследник на Маурицио Сари.

Поразот од Евертон уште повеќе ја влоши ситуацијата во синиот табор, па така малку е веројатно дека Италијанецот ќе продолжи на кормилото на Челси и следната сезона.

Тимот се соочува со големи проблеми со оглед на фактот што не може да купува нови фудбалери во следните два преодни рока, но дел од играчите кои се испратени на позајмица со сигурност ќе го подигнат квалитетот за следната сезона.

Токму овој факт раководството на Челси го вади на маса како аргумент за новиот тренер што треба да пристигне на „Стемфорд Бриџ“. Прво име сега е тренерот на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто кој на феноменален начин ја врши работата кај „волците“ по пласманот во Премиер лигата за прв пат по подолг период.

Во следниот период треба да започнат и официјални преговори, а доколку не дојдат до договор, втора опција за раководството на Челси е Лампард кој до крај ќе се бори за место во плеј-офот во Чемпионшип лигата со својот Дерби Каунти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг