Секој ден по 4 часа гледала порно филмови, а сега вели дека животот ѝ бил уништен од таа навика

Точка

22/03/2019

15:40

5.022

Големина на фонт

а а а

Тинејџерка која гледала порно филмови по 4 часа дневно си ветила дека до брак нема дури ниту да се бакне со некој иако сега ја надминала својата зависност. Грејслин Сорел, која има само 19 години раскажала дека имала само 14 години кога на социјалните мрежи погледнала експлицитна фотографија која ја привекла да започне да гледа порно филмови.

Таа го изгубила својот татко во 2013 година и пронашла утеха во порнографијата за да побегне од својата тага. 

Таа скришно гледала порно видеа на својот телефон и останувала будна до 3 часот наутро. Средношколката трошела часови и часови во текот на денот гледајќи вакви филмови, а признала дека мастурбацијата и порно видеата правеле да се чувствува виновно и осамено.

Во 2016 година живеела така што спиела само по три часа дневно што довело до тоа да ги расипе сите оценки во училиште. Конечно се одлучила да се соочи со својата мајка и да ѝ признае дека има проблем.

"Мојот телефон ми овозможуваше лесен пристап до порно филмови. Можев да се сокријам било каде и да гледам. Бев често сама дома и така можев да гледам сè што ќе посакам. Кога сите во куќата ќе отидеа на спиење, јас го гасев светлото и гледав порно видеа до 3 часот наутро. Гледав 4 часа претпладне и потоа четири часа навечер без пауза. Кога ги гледав чувствував како ми се подигнува адреналинот. Тоа ми беше како инуслин, ми беше потребно", рекла девојката.

Додала дека мастурбацијата и порно филмовите никогаш не биле она што ја исполнувале туку се чувствувала виновно и срамно после тоа. Секогаш била уморна, бидејќи не спиела навечер и се чувствувала како да живее двоен живот, бидејќи нејзиното семејство било многу религиозно.

"Престанав да го носам телефонот со себе во кревет, но само на тоа мислев. Кога сте навлечени на тоа само за тоа размислувате. Не отидов на професионално советување бидејќи мојата мајка има искуство и му се посветив на Бога", рекла Грејслин.

Имала подеми и падови, но секој пат кога ќе потклекнела ѝ кажувала на мајка ѝ. Меѓутоа, од 2016 година не им се вратила на порно филмовите.

"Ќе чекам до брак за да се бакнам и имам секс. Секогаш велам дека мојата грешност ме направи безгрешна. Сега не сакам да бидам во врска. Мислам дека мажот треба да пронајде жена така што не сум во потрага. Ако се појави во мојот живот, супер", заклучи девојката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг