„Таа мора да умре, во неа е ѓаволот“: Ја фрлила од балкон ќерката на сосетката, бидејќи ја помешала со чудовиште од популарен филм!

Точка

22/03/2019

15:09

2.148

Големина на фонт

а а а

Русинка е осудена на девет години затвор поради обид за убиство на 5-годишната ќерка на сосетката, бидејќи детето го заменила со негативецот од филмот Господар на прстените.

Галина Кобзева (69) е осудена за обид за убиство на Наџа Шустов, која најпрво ја нападнала со нож и чекан, а потоа ја фрлила од балкон од трети спрат. Кобзева ќе мора да ѝ плати 8.350 фунти „морлна штета“ на жртвата.

Детето било близу смртта и вистинско чудо е што преживеало. Наџа била во болница четири месеци откако ги претрпела повредите на главата и телото.

Девојчето подоцна раскажало дека вриштело и барало помош додека било тепано и трпело болка - но никој не дошол.

Кобзева го чувала детето во нејзиниот стан кога го извршила страшниот напад. Случајна минувачка видела дека Кобзева го фрлила детето од балкон - а потоа ја спасила од улицата и повикала брза помош.

Рекла дека пензионерката од балконот вриштела: „Не ја допирај! Таа мора да умре! Во неа е демонот, ѓавол!“

Во судницата Кобзева му рекла на судијата дека пиела пиво и земала лекови во исто време кога го нападнала детето.

Отишла да ја провери Наџа, која гледала телевизија и „одеднаш го видела Голум од Господар на прстените“ кој „се загледал“ во неа и „гласно се смеел“.

Излегла од собата во страв од измама, испила уште едно пиво, а потоа се вратила и „повторно го видела чудовиштето од Господарот на прстените“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг