Личниот фотограф на Ким три секунди му го сокрил лицето: Тоа му била последната грешка, казната дошла експресно

Точка

22/03/2019

14:36

6.038

Големина на фонт

а а а

Ким Јонг Ун наводно го обвинил својот личен фотограф поради тоа што му нанел штета на неговото "врховно достоинство" така што го блокирал погледот на него на три секунди.

Човекот, кој бил идентификуван само со презимето Ри, бил отпуштен откако се обидел да направи подобра фотографија од севернокорејскиот лидер во текот на изборите. Според изворите од Пјонгјанг, тој е виновен бидејќи блицот на фотоапаратот го покрил вратот "драгиот и почитуван врховен лидер". 

Исто така бил обвинет и за кршење на уште две правила - едно кое забранува фотографирање во круг од два метри од лидерот, а второ кое забранува фотографирање или снимање непосредно пред него.

Како резултат на тоа, 47-годишниот фотограф бил отпуштен од работа и од Работничката партија на Кореја - што практично го направило граѓанин од втора класа. Тоа е голем пад за човек кој пред само еден месец го документирал самитот со Доналд Трамп во Ханој. Инцидентот се случил кога Ким Јонг Ун се појавил во јавноста во текот на изборите во Северна Кореја на 10-ти март.

Севернокорејскиот лидер дошол на гласањето и кога престанал да им мавта на насобраните луѓе, Ри застанал пред него да фотографира. Уште една камера зад луѓето го фатила точниот момент со кој судбината на Ри била запечатена и снимката подоцна била емитувана на државната телевизија.

Изворот запознаен со ситуацијата на јужнокорејскиот сајт "NK Daily" навел дека овој чин се смета за антипартиско нарушување на врховното достоинство на партијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг