Поранешната ријалити ѕвезда Ден Озборн ја отстранил тетоважата со ликот на Мајкл Џексон и покрај тоа што бил негов долгогодишен обожавател

Точка

22/03/2019

14:10

2.835

Големина на фонт

а а а

Поранешната ѕвезда од ријалити шоуто Towie, Ден Озборн поминал низ болни ласерски третмани за да ја отстрани тетоважата со ликот на Мајкл Џексон.

Озборн имал голема слика од кралот на поп музиката на својата десна рака, но според неговите последни фотографии таа тетоважа речиси целосно е исчезната. 


Потребни биле неколку седмици од болни ласерски третмани за да се ослободи од тетоважата. Имено, Ден е долгогодишен обожавател на Мајкл Џексон и пред да излезе контроверзниот документарец "Leaving Neverland" постојано го бранел кралот на поп музиката.


Уште во јануари Оозборн говорел дека Џексон едноставно обожувал деца.

"За мене Мајкл Џексон е најголемиот уметник на сите времиња. Тој ги обожуваше децата и се грижеше за нив. Беше вистински Петар Пан. Донираше милиони долари во детски хуманитарни организации. И ги обожуваше своите три деца. Мислам дека не би можел да повреди некој", рекол Ден.


Меѓутоа, само неколку седмици после прикажувањето на документарецот и обвиненијата дека Џексон злоставувал деца, се појавиле фотографии на кои Озборн е без тетоважата посветена за Мајкл Џексон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг