Една патничка во авион преку ноќ стана славна на интернет, откако споделила снимка на која ја лиже даската на WC школката во тоалетот на авионот.
Твитер корисничка, која на таа социјална мрежа се опишува како 22-годишна сексуална работничка од Њујорк, објавила контроверзна снимка која за неколку денови собрала повеќе од 6.6 милиони прегледи.
Не е познато во кој лет точно го извела тоа, но бројни корисници на социјалните мрежи не го сокриле своето гадење и збунетост од виралната снимка, додека некои признале дека им е доволно интернет за денеска.
Од друга страна, авторката на видеото не може да верува „дека Твитер ја направил позната поради лижење на WC школка“.
Д-р Чарла Герб, микробиолог од Универзитет во Аризона, порано за „Fox News“ рекол дека неговите истражувања покажале дека бањите, послужавниците и потпирачите за раце се најплодни места за микроби во комерцијалните авиони.
„Најлошото нешто во авион е тоалетот - има најмногу бубачки“, рекол во интервју во 2012-та година, додавајќи дека обично барем 50 луѓе во авион користат еден ист тоалет.
Инаку, на својот профил, младата Твитер корисничка објавила и фотографија „mile-high мастурбација“ во истиот тоалет, на која се соблекла топлес.