Утврден редоследот на кандидатите за претседател на гласачкото ливче

Макфакс

22/03/2019

12:00

2.643

Големина на фонт

а а а

Блерим Река, Гордана Силјановска, Стево Пендаровски – под овој редослед ќе бидат испишани претседателските кандидати на гласачкото ливче, одлучи жрепката која денеска беше спроведена во Државната изборна комисија (ДИК).

На жрепката, редните броеви за претседателските кандидати ги извлекуваа Димче Арсовски како претставник од ВМРО-ДПМНЕ, односно Дарко Каевски од Агенцијата за млади и спорт како претставник од владејачката партија.

ДИК донесе решение за прифаќање на тројцата кандидати за претседател на Република Северна Македонија.

Од таму појаснија дека во вториот круг кандидатите ќе го задржат редниот број.

„Вчера јавноста ги слушна изјавите на претставниците на партиите дека ќе се води европска кампања и се надеваме дека кандидатите ќе водат европска кампања. Од овие избори зависи европската иднина на Северна Македонија и ДИК ќе направи се за фер и демократки избори. Ги замолуваме кандидатите, партиите и активистите пред кампањата и во кампањата да се држат до правилата од изборниот законик за предвремено почнување на кампањата. Нема потреба поради непромислени изјави да се ставаме во улога на судија и да одлучуваме по некакви преговори“, порачаа од комисијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг