Маркизио со критики за Алегри: Срамота е тоа што се прави со него

Дерби

21/03/2019

19:29

1.642

Големина на фонт

а а а

Клаудио Маркизио скоро целиот фудбалски живот му го посвети на Јувентус, па неговиот збор секогаш има голема тежина кога се во прашања случувањата во таборот на „бјанконерите“.

Сегашниот член на Зенит испрати критики на адреса на тренерот Масимилијано Алгери поради една негова тактичка поставеност која се однесува на Пауло Дибала. Аргентинецот сезонава е далеку од настапите од минатата сезона кога даде 22 голови и 5 асистенции на 33 средби во Серија А, односно е во голема сенка на Кристијано Роналдо.

Кога добива шанса тој игра повлечено и далеку од голот што според Маркизио е голема грешка.

-Пауло има вроден подарок, голема штета е да се гледа како игра толку далеку од голот. Се сеќавам на неговиот прв натпревар со Јувентус, Супер Купот против Лацио. Тој влезе и јас му кажав „остани во противничката зона“ и тој даде гол. Тој лесно доаѓа до шут, -порача Клаудио за „Газета Дело Спорт“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг