Пожртвуваните момчиња балансираат по опасни карпи, стојат меѓу автобуси, висат низ прозор и ги виткаат своите тела во неприродни положби за да направат фотографии за своите девојки за Инстаграм или Фејсбук.
Профилот на Инстаграм кој ја документира нивната посветеност - "Boyfriends Of Insta" - станал популарен во 2017-та година, но тоа на што се подготвени сите тие мажи, или натерани, станува се поекстремно.
Погледнете кои се тие "момчиња од Инстаграм".
Наместо овие девојки да одат до некоја палма и да се фотографираат под неа, тие го натерале ова момче да им донесе гранка и со неа да им направи ладовина. Истовремено тој и ги фотографира. Се надеваме дека ќе му платат за оваа работа.
Среќа е што ова момче е издржливо. Сепак, се надеваме дека фотографијата испаднала добро од прв обид.
Претпставуваме дека девојката го натерала да оди на јога само за да може да ја фотографира од сите можни агли.
За правење на добри фотографии, некогаш се потребни и каскадерски вештини.
Ова момче можело и да настрада, кога го изненадил бран и го фрлил од карпата.
За да најдете добар агол, мора самите да станете агол - мислата со која се води ова момче.
На кого му е потребен селфи-стик, кога тој може да биде селфи-стик!
Се сеќавате ли кога Инстаграм беше преплавен со фотографии од девојки го држат за рака и го водат своето момче? Кога ќе видите како тие настануваат, тоа воопшто не изгледа романтично.
Не се знае чија поза е посмешна...сепак, сите пофалби за флексибилноста.