Врската или бракот ви е пред крај? Ова се 4 сигурни знаци дека морате добро да размислите за вашиот однос

Точка

21/03/2019

19:14

4.691

Големина на фонт

а а а

Најчесто, ако во односот со партнерот постојат чести несогласувања, тогаш нивниот заеднички живот е осуден на пропаст. Секако, паровите често се среќаваат со проблеми и конфликти, а токму тие разидувања можат да бидат капката која ќе ја прелее чашата.

Токму овие 4 знаци покажуваат дека треба добро да размислите за иднината на вашата врска: 

Ве критикуваат вас, а не вашите постапки

Ова е неконструктивна критика од партнерот. Во овој случај, тој се лути на вашите карактерни особини и личност. Сето тоа може да се сведе на фразите “ти никогаш...”, “зошто си таков...”, “ти секогаш...” итн. Притоа, доколку нешто не оди според планот, виновникот за проблемите не се околностите во кои се наоѓате туку токму вие.

Нападот е најдобра одбрана

Дали вашиот партнер е постојано незадоволен и ве критикува? Во овој случај тој пробува да ги оправда своите постапки или на критиката одговара со критика. Како резултат се јавуваат бескрајни обвинувања помеѓу партнерите.


Презир

Почитта е основа на сите добри односи, без оглед дали станува збор за брак или врска. Непочитувањето и презирот се убијци на бракот. Ако вашиот партнер јавно ве исмева или ве навредува со сарказам, тогаш треба сериозно да се замислите за ваквата ситуација.

Бегство од конфликт

Ако личноста е повлечена и не сака да разговара, најдобро решение е да ѝ се даде време да размисли во мир и тишина. Тоа воопшто не значи дека партнерот не сака да разговара со вас – едноставно на некои луѓе им е потребно да бидат сами за да сфатат што се случува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг