Шокантни детали од киднапирањето на автобусот полн со деца: Сенегалецот викал дека ќе направи масакр бидејќи повеќе не може да биде со своите деца! Детето херој ги спасило своите пријатели

Точка

21/03/2019

19:09

4.506

Големина на фонт

а а а

Едно од децата заробени во школскиот автобус во близина на Милано, 13-годишниот Реми Шехат, успеал да го сокрие својот мобилен телефон и да повикаа полиција и така да спаси 51 врсник, кои биле киднапирани од возач на автобус.

Реми преку телефон го контактирал својот татко додека се претворал дека се моли на арапски. 

Таткото на Рами раскажал дека тие дошле од Египет и дека детето е родено во 2005-та година во Италија.

Тој рекол дека неговиот син ја исполнил својата должност и дека мисли дека сега би требало да добие италијанско државјанство. Реми во изјавата рекол дека негова желба е да биде карабинер кога ќе порасне.

За време на киднапирањето, возачот рекол им рекол на децата дека се одлучил на овој чекор поради страдањето на африканските мигранти во текот на минувањето на морето. Според зборовите на шефот на противтерористичката група, Алберто Нобили, киднаперот засега не изразил поврзаност со ниедно забрането движење или група. Тој нагласил дека киднапирањето било негова лична одлука.

"Не можев повеќе да гледам деца искинати од ајкули, и мртви трудници", рекол осомничениот.

Портпаролот на полицијата наведува дека киднаперот во текот на апсењето извикувал "Да ја сопрам смртта на море, и јас ќе извршам масакр".

Владата на Италија заземала цврст став против мигрантите од северна Африка и ги намалила спасувачките операции, потег кој хуманитарните групи рекле дека загрозува животи.

Возачот инаку минал една година во затвор поради сексуален напад, и јавноста го поставува прашањето како осудувано лице е вработено како возач на школски автобус.

Да потсетиме, на автопат во Италија Сенегалецот го сопрел возилото, го полил со бензин и го запалил. 12 деца и двајца возрасни биле пренесени во болница, но властите пријавиле дека досега само едно лице е повредено.



Спонзорирани линкови

Маркетинг