Оваа пролет девојките обожуваат бели фустани

Fashionel.mk

21/03/2019

17:43

2.680

Големина на фонт

а а а

Кога ќе дојде пролетта, немате никаква причина да не ги поминете сите денови во прекрасни фустани на кои долго време чекавме.

Не постои поубава боја од белата која е како создадена за овие пролетни денови, а истата ѝ прилега скоро на секоја дама.

Денеска ви предлагаме да ја погледнете галеријата полна бели фустани кои можете да ги носите за разни пролетни свечености, а ќе најдете и некој модел што сигурно ќе ви одговара.


Станува збор за безвременски модели почнувајќи од едноставни свилени фустани на преклоп, па сè до впечатливи со огромни карнери.

Иако белата боја навидум е едноставна, истата остава голем впечаток, па така со било кој од овие фустани ќе бидете во центарот на вниманието каде и да се појавите. Голем дел од познатите дизајнери, но и high street продавниците веќе имаат голем број модели во оваа шармантна боја, па ако сè уште немате нешто бело во вашиот плакар, сега е време за инспирација.




Спонзорирани линкови

Маркетинг