Д-р Џејмс Фалон го открил образецот кој се јавува кај мозокот на психопатите и започнал да ги проучува за на крајот да открие дека и самиот е психопат.
Докторот кој работи како невронаучник на универзитетот во Калифорнија проучувал како некои состојби и болести влијаат врз мозокот. Во 80-тите години го проучувал мозокот на убијците за кои се сомневал дека се психопати, користејќи ПЕТ скенер. Тој одлучил да ги искористи скеновите од мозоците на неговите роднини за групата на “нормални луѓе”, вклучувајќи го и неговиот. Во скеновите од семејството, Фалон забележал еден кој отскокнувал и бил идентичен на мозокот на психопатите. Прво помислил дека некој во лабораторијата се шегува со него, но тоа не било случај.
Кога Џејмс Фалон ја отстранил црната лента која го прекривала името на личноста која била скенирана, тој останал шокиран – снимката била негова. Интересно е тоа што неговата сопруга не била изненадена од ваквиот податок.
“Таа со сериозен тон, иако сака навистина да се шегува, ми кажа дека не е изненадена од она што сум го открил. Не постојат психопатски гени, но постојат особини кои се поврзуваат со психопатијата. Особини кои ги водат”, изјавил докторот.
Тој себеси не се нарекува “категоричен психопат” туку вели дека е “про-социјален психопат”.
“Тоа не значи дека не сте добра личност туку дека имате способност да ги убедите луѓето дека сте нормални. Луѓето сметаат дека вие имате харизма и тоа ги привлекува кај вас”, додал Фалон.
Категоричните психопати се антисоцијални и имаат насилни тенденции кои им е тешко да ги сокријат. Докторот смета дека позитивната околина во која пораснал и семејството во кое живеел со добри и паметни луѓе влијаело врз тоа тој да не се развие во негативна верзија од психопат.
“Имам биолошки маркери и особини на некој кој е многу опасен, но јас не сум тоа. Не сум опасен за непознати луѓе, иако ја имам таа особина да сум премногу забавен и со тоа ги привлекувам останатите”, вели Џејмс и додава дека не може да ја победи неговата психопатија, но и може бидејќи е толку добар што ја користи неговата лична патологија да го направи тоа.