Срцепарателна снимка: Слон врзан со ланци мора да црта портрети од други животни

Точка

21/03/2019

17:12

2.082

Големина на фонт

а а а

Туристите кои го посетуваат Тајланд можат да доживеат незаборавно искуство јавајќи слон, кој е нивното национално животно и Тајланѓаните се многу горди на него.

Меѓутоа, често се заборава мрачната страна на ваквиот туризам кој предизвикува критики од страна на групите за заштита на животни ширум светот. 

Неодамна, на интернет се појави едно видео на кое се гледа како слон црта автопортрет со својата сурла. На прв поглед, снимката делува симпатично, а вие гледате огромно животно како држи четкичка и се црта себеси. Меѓутоа, подоцна во видеото се гледа мрачната страна: на вратот на слонот виси огромен ланец.

Снимката настанала на Националниот ден на слонот кој се прославува од 1998 година.

Милиони туристи секоја година го посетуваат Тајланд и сакаат да се сликаат качени на слон или барем во негова близина, меѓутоа експертите тврдат дека човековата желба да се биде блиску ова животно поттикнува бруталност. Од 3000 слонови кои биле опфатени во истражувањето на Светската заштита на животни ширум Азија, три четвртини живееле во “многу сурови услови”.


“Бројни паркови се претставуваат како поволен дом за слоновите, но всушност не се. Никогаш не треба да посетувате паркови кои рекламираат претстави, неприродно однесување, фотографирање и никогаш немојте да јавате слон”, изјавила Марија Мосан од една организација за заштита на животните.

Тајландската влада помага да се стави крај на злоставувањето на животните во овие паркови со создавање на база на податоци за сите слонови. Наскоро властите ќе можат да го следат здравјето на слоновите и да бидат сигурни дека тие не страдаат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг