Доминација на „црвено-црните“: Четворица ракометари на Вардар се најдоа во идеалниот тим на сезоната во СЕХА лигата

Дерби

21/03/2019

16:45

1.196

Големина на фонт

а а а

Во СЕХА регионалната лига остана само да се доигра завршниот турнир во Брест, но пред тие последни возбудувања закажани за почетокот на наредниот месец, капитените на сите екипи ја имаа улогата на жири и го одбраа најдобриот тим за сезоната 2019-2019.

Тие бираат Ол-стар екипа, плус тренер, најкорисен играч и специјалист за одраната, а изборот и одговорот е следен-Вардар има најмногу претставници и тоа четворица: Дејан Милосављев, Тимур Дибиров, Даинис Криштопанс и Игор Карачиќ.

Тим за сезоната 2018/2019:

голман – Дејан Милосављев (Вардар)

лево крило – Тимур Дибиров (Вардар)

Лев бек – Петар Ѓорѓиќ (Мешков)

среден бек – Игор Карачиќ (Вардар)

десен бек – Даинис Криштопанс (Вардар)

десно крило – Златко Хорват (ППД Загреб)

пивотмен – Марин Шипиќ (Нексе)

тренер – Маноло Каденас (Мешков Брест)

МВП – Златко Хорват (ППД загреб)

Специјалист за одбрана – Павел Хорак (Мешков)

Да потсетиме Вардар во полуфиналето на СЕХА лигата ќе ги одмери силите со Мешков Брест.



Спонзорирани линкови

Маркетинг