Истражувачите тврдат дека марихуаната го зголемува сексуалното уживање?

Точка

21/03/2019

16:35

2.354

Големина на фонт

а а а

Меѓу љубителите на марихуана се зборува дека оваа билка може да ја зголеми сексуалната возбуда и да доведе до посилни оргазми, а сега постојат и научни факти кои тоа го потврдуваат.

Новото истражување во кое учествувале неколку стотици жени кои пушат и не пушат марихуана, покажало дека употребата на марихуана пред секс ги дуплира шансите за доживување на позадоволителен оргазам. 

"Се верува дека доведува до подобрување на сексуалната функција така што го намалува стресот и тензијата', навеле истражувачите во статијата објавена во списанието "Sexual Medicine".

"Марихуаната може да ја заави перцепцијата за време и да го продолжи пријатното чувство. Исто така, може да ја намали сексуалната инхибиција и да ја зголеми самодовербата и желбата за експериментирање. Марихуаната е позната по тоа што го зголемува чувството за допир, но и за мирис, вид, вкус и слух", наведено е во статијата.

Истражувањето го објавил тим од Универзитетската медицинска школа во Сент Луис, а биле анализирани одговорите на 373 жени. Околу 47 проценти од жени навеле дека пушат марихуана, а 34 проценти од нив консумираат марихуана пред секс.

За да анализираат како марихуаната влијае на сексуалното задоволство, научниците објавиле истражување кое се однесува на бројни теми, вклучувајќи сексуален нагон, лубрикациja и присуство на болка поврзана со секс. Има значајни разлики во сексуалните искуства меѓу жените кои пушат и оние кои не пушат марихуана.

"Повеќето жени пријавиле зголемување на сексуалниот нагон, подобрување на оргазмот, намалување на болката, но не и промена на лубрикацијата", истакнале научниците.

Шансите за добар оргазам се двојно поголеми кај жените кои пушат марихуана.

"Жените кои консумираат марихуана пред секс и оние кои ја користат почесто имаат двојно поголеми шанси за задоволителен оргазам во однос на оние кои не пушат марихуана или тоа го прават повремено", заклучиле научниците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг