Hyundai денес објави прв исечок од својот нов филм, “A Matchday in Europe”, пред конечната премиера планирана за 27-ми март.
Во филмот се прикажани групи на навивачи од секој од партнерските клубови на Hyundai, а тоа се Рома, Атлетико Мадрид, Челзи, Херта и Лион, на нивното патување на натпреварите и назад, како и неколку ѕвезди од пет клубови кои преземаат помошни улоги за да го потпомогнат и унапредат навивачкото искуство на самиот ден на натпреварот.
Вкупно 18 играчи се појавуваат во филмот, вклучувајќи и познати ѕвезди на европскиот фудбал.
Филмот “A Matchday in Europe” ја слави влијателната улога која ја имаат фудбалските навивачи во следење на своите клубови и го нагласува комуникацискиот пристап на Hyundai за фановите кој е претставен на почетокот на сезоната 2018/2019, позиционирајќи ги навивачите како вистински херои и ставајќи ги во средиштето на вниманието.
Hyundai како топ партнер на FIFA од 1999 година и 18-годишен партнер на UEFA, е дел од новата европска стратегија на фудбалски спонзорства која има за цел изградба на подлабоки и подоследни емоционални врски со навивачите ширум Европа преку компанијата “For The Fans”.