Бебе во бебе: Во телото на неродено бебе растела нејзината сестра близначка

Точка

21/03/2019

16:13

2.800

Големина на фонт

а а а

Вакви слични случаеви во последно време се случуваат во Индија, Индонезија и Сингапур. Но, овој е посебен поради тоа што станува збор за "фетус во фетус" идентификуван уште во бременоста, пред да дојде бебето на свет, вели д-р Мигел Пара Саведра.

Во телото на малата Ицамара растела нејзината сестра близначка, а докторот тоа го воочи во текот на ултразвукот, додека девојчето било во стомакот на својата мајка Моника Вега (33). 

Опстетричарот, кој Моника ја испратил кај д-р Мигел мислел дека нероденото бебе има некој вид на циста, но се излажал. Тоа било половина развиено тело без срце и мозок во абдоменот на бебето, нешто што се случува многу ретко, еднаш наспрема пола милион раѓања.


Мајката Моника за првпат со д-р Мигел се сретнала кога била во 35 недела од бременоста. Веднаш ја прегледал со колор доплер и 3Д и 4Д ултразвучно снимање.

После она што го видел останал шокиран. Во бебето здогледал простор исполнет со течност во кој имало минијатурно бебе. Тоа со посебна папочна врвца се снабдувало со крв, а папочната врвца завршувала на цревото на малата Ицамара.


"Ѝ го кажав тоа на мајката, а таа повторуваше: Не докторе, тоа е невозможно. Ѝ појаснив чекор по чекор за што се работи и ме сфати", раскажа овој доктор.

Две недели подоцна овој доктор одлучил да ја породи Моника со царски рез на 22 февруари. Нејзиното бебе тогаш тежеше нешто повеќе од три килограми, близнаците во неа растеле и постоеше опасност дека ќе ѝ ги згмечи внатрешните органи и така ќе ги оштети.


"Беше долга речиси пет центиметри и тежеше 14 грама. Таа не беше доволно развиена, имаше закржлавена глава и екстремитети, но немаше срце и мозок. Умре кога ѝ ја пресековме папочната врвца", објасни докторот кој после потфатот додаде дека станувало збор за еднојајчани близначки.

Кога помалиот близнак се храни така што е прицврстен на телото на поголемиот, како во овој случај тоа во медицинската литература се нарекува хетеропагус или паразитски близнак.


"Фетус во фетус понекогаш погрешно се дијагностицира како тумор кој може да содржи коски, мускулно ткиво и коса. Тогаш се спроведува споредба со ДНК, но нема сомнение дека овие идентични близнаци се од иста јајце клетка. Ицамара е добро, има мала лузна на стомакот, но сега е нормално бебе, освен тоа што целиот свет зборува за неа", додаде докторот.

Докторот вели дека овој случај може да се појави веднаш после зачнувањето после 17 дена од бременоста кога ембрионот се шири како диск, а потоа се преклопува во себе за да формира издолжен фетус.




Спонзорирани линкови

Маркетинг